| четврток, 6 декември 2018 |

Алкалоид со ист рецепт ги гази ривалите

chess

Алкалоид забележа нова победа од 5,5-0,5 на Европскиот клупски куп во шах, овојпат во второто коло против Осло Шакселскап од Норвешка и остана при врвот на табелата.

Пораз од 1,5-4,5 забележа вториот македонски тим на купот, Гамбит Асеко против Нови Бор од Чешка.

Кај дамите во дербито на колото, Гамбит Асеко ја преслуша екипата на СПБ од Русија и славеше со 4-0, по што по две кола со максимален учинок е на првото место.

Денеска од 15 часот се играат мечевите од третото коло. Алкалоид игра со Одлар Јурду од Азербејџан, Гамбит ќе ги одмери силите на шест табли со Калдер од Холандија, а во женска конкуренција Гамбит ќе игра со Нона од Грузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top