| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најздравите есенски плодови?

Со доаѓање на постудените денови имунитетот може да се намали, па затоа е многу важно тој да се зајакне. Најдобар начин за тоа е збогатување на исхраната со здрави намирници, а есента нуди многу здрави и вкусни плодови.

Јаболката се богати се антиоксиданти, кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од појава на рак. Исто така, тие содржат и пектин, кој превентивно делува на појавата од кардиоваскуларни болести.

Тиквата содржи витамин А и исклучително е добра за видот. Таа изобилува и со фитостероли, кои можат да го намалат нивото на лошиот холестерол, како и со бета-каротен кој е одличен во борбата против слободните радикали.

Прокељот е одличен извор на железо и витамин К, но содржи и многу витамин Ц.

Смоквите имаат многу влакна, кои можат да го намалат нивото на лошиот холестерол, потоа го регулираат шеќерот во крвта. Тие содржат и многу калиум.

Карфиолот е богат со витамините Ц и К, кои можат да спречат појава на воспалувања, но и влакна и фолна киселина.

Цвеклото е многу вкусно и лековито. Тоа е идеален зеленчук за зајакнување на имунитетот. Цвеклото е одличен извор на фолна киселина, калиум и манган, кои помагаат при апсорпција на калциумот и спречуваат згрутчување на крвта.

Крушките се сочно овошје и одличен извор на влакна, кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта и го намалуваат холестеролот. Тие содржат и витамин Ц, бакар и бор, кој му помага на организмот да го одржи нивото на калциум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top