| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела спасени седум деца на Клиниката за уво, нос и грло

Седум деца минатата недела завршиле на клиника со заглавени предмети во душникот и белите дробови. Сите биле на возраст од една до 6 години. Доктор Горан Мицевски имал полни раце работа. Најкомплициран му бил случајот со тригодишното тетовче кое вдишало свирче и во многу тешка состојба било донесено на Клиниката за уво, нос и грло.

-Oва е една од најургентните состојби во медицината. Се работи за обезбедување на пат за дишење. Децата најчесто доаѓаат во една многу тешка состојба, пребледени, омалаксани со борба за воздух и каде и секунди се пресудни за спасување на животот – вели прим. др. Горан Мицевски од Клиника за Уво, нос и грло.

Доктор Мицевски има цела колекција со разновидни предмети отстранети од дишните патишта кај деца. Од пластика, бисери, грав, до метални пари. Тие го потсетуваат колку битки добил во операциона сала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top