| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш стигна демант од Абу Даби, Интер нема договор со Етихад за спонзорство

pireli

За информацијата, која во петокот беше објавена дека миланскиот гигант Интер од следната сезона на дресовите ќе го носи новиот спонзор „Етихад“, веднаш стигна демант од втората најголема авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати со седиште во Абу Даби.
Сите светски медиуми ја пренесоа веста што потекува директно од клубот, дека Интер е во преговори со Етихад за петгодишен договор со тежина од неверојатно 125 милиони евра или по 25 милиони по сезона, што ќе биде најголем договор во Италија.

Сепак, од Етихад категорично негираа дека воопшто се преговара со Интер.

– Етихад ервејс ги демантира шпекулациите дека во иднина ќе биде спонзор на фудбалскиот клуб Интер. Компанијата воопшто не преговара со клубот и нема никаква вистина во овие информации – стои во соопштението од Етихад.

Авионската компанија веќе подолго време главен спонзор на Манчестер Сити и неговата филијала Њујорк Сити и посеизгледа нема намера дополнително да фрла пари во спортот, за разлика од најголемата компанија од ОАЕ, „Флај Емиратс“ која е влезена во повеќе клубови.

Договорот на Интер со досегашниот спонзор Пирели истекува на крајот од оваа сезона и, најверојано, ќе биде прекинат по 20-годишна соработка бидејќи од Пирели им било понудено намалување на сумата, која сега изнесува 12 милиони евра.
Интер не сака ни да слушне за намалување бидејќи Сасуоло веќе има потпишано договор со Мапеи за 22 милиони евра по сезона, а главните конкуренти Јувентус и Милан заработуваат по 17 милиони од Џип и од Емирати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top