| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски во Шведска

Уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе имаат свое претставување во рамки на изложбата „Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ која од 17 октомври до 17 јануари 2016 година ќе биде отворена во Музејот за модерна и современа уметност во Малме, Шведска.

Куратори на изложбата се Галит Еилат и Себастиан Цихочки.

Нивното ново зедничко дело создадено за оваа изложба, e насловено „Премолчено“, и e претставено на три ленени платна третирани со текстилна боја, графит и конец. Делата се изложени во комбинација со неколку претходно создадени индивидуални дела од двајцата автори, како што е делото „Без наслов (Двополово едно)“ од Христина Иваноска, како и делата „Избришана икона V“, и „Без наслов“ (Пол Тек писмо, 1971) од Јане Чаловски.

„Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ е изложба од уметнички дела, верски обреди, мистицизам, духовност и вера, која истражува како современата уметност се поврзува со предизвиците на спротиставените верски и секуларните општества.

На изложбата се претставени фотографии, видеа, слики, скулптури и инсталации, кои ги преиспитуваат начините на кои современата уметност се обраќа кон различните видови религиозни манифестации, мистицизмот и и кон рационалното, зад хоризонтот на модерното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top