| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Тома, не се оди никаде: „Свети Тома, седи дома“

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома, во народот познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли.

Свети Тома го ширел христијанството најпрвин во Палестина, а пота и во Персија и во Индија, каде што бил убиен со копје. Неговите мошти во четвртиот век биле пренесени во градот Едеса, а потоа и во Царград.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава, а како еснафска слава во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… итн. Во некои краеви се верувало дека тој штити од волци, но поважно е што на овој ден не се оди никаде и оттогаш постои изреката „Свети Тома седи дома“.

Во неделата по Велигден се слави настанот врзан за „неверувањето“ на Тома, додека денешниот ден е постветен на самиот апостол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top