| четврток, 6 декември 2018 |

Предлог-буџетот за 2016 на амандманска расправа во Собранието

собрание

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне со амандманската расправа за Предлог буџетот за 2016 година.

За предлог-буџетот до матичната комисија се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Во петокот, Комисијата по четири дена расправа го заврши општиот претрес за предлог-буџетот за 2016 година.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот  буџет  во матичната собраниска комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top