| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија немаше сили за нова сензација, Франција е нов европски првак во одбојка

Одбојкарската репрезентација на Франција се заќити со титулата Европски првак откако во финалето во Софија славеше победа со максимални 3-0 (25-19, 29-27, 29-27) во сетови над најголемото изненадување на овој европски шампионат, репрезентацијата на Словенија.
Со оваа победа на шампионатот кој се одржа во Италија и Бугарија, Французите докажаа дека се најдобра репрезентација на стариот контитент откако пред неколку месеци ја освоија и светската лига.
Словенците иако и во финалето одиграа одличен натпревар немаа сили за уште едно големо изненадување како што тоа го сторија против светскиот правак Полска и против еден од главните фаворите за златниот медал, репрезентацијата на Италија.
ранција го доби првиот сет со убедливи 25-19, а Словенија својата шанса ја пропушти во вториот сет, кога оваа селекција прокоцка предност од 24-21, за да го загуби сетот со 27-29. Голема битка се водеше и во третиот сет, што Французите исто така го добија со 29-27 за закитување со европскиот трофеј.

Бронзениот медал им припадна на Италијаните, кои во малото финале славеа над домаќинот Бугарија со 3-1 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top