Секој има своја формула за добра сон и на крај најважно е наутро да се разбудите свежи и одморени. Меѓутоа на тоа многу влијае и сонувањето, бидејќи ако имаме кошмари, наутро се будиме исцрпени како да не сме ни спиеле. Положбата при спиење ја одредува тематиката на соништата, вели едно ново истражување.
На 700 испитаници направено е истражување од кое произлегува дека различни позиции на спиење притискаат одредени делови на телото, па чувството во дадени моменти креира специфични видови на соништа.На пример спиењето на стомак често води до еротични соништа.
Спиењето на страна е најздраво, но и страната води кон одредени соништа. Спиењето на десната страна се поврзува за позитивни соништа, додека левата страна носи благи ноќни кошмари.
Најлошата варијатна за спиење е на грб, со оглед на тоа освен што предизвикува болки во вратот и хрчење, носи и кошмари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.