| четврток, 6 декември 2018 |

Српската престолонаследничка водела сексуална работилница во Мексико

Catherine_OxenbergЌерката на српската принцеза Елисавета Караѓорѓевиќ, 54- годишната актерка Кетрин Оксенберг, позната како Аманда во серијата „Династија“, во Мексико организирала и водела сексуална работилница. Во поканата за работилницата пишувало дека учесниците на петдневниот курс може да научат која е врската помеѓу оргазмот и животот. Со помош на сексуални едукатори, Кетрин ги учела пријавените да ги „отклучат“ своите сексуални потенцијали.

Идејата да се занимава со таа тематика не е новост, бидејќи Кетрин веќе неколку години ја промовира  интернет-страницата  Sexology.com , чиј коосновач е таа, а учествувала и во снимањето на истоимениот документарец.

– Од една страна верував дека имам одличен сексуален живот, а од друга страна верував дека мора да постои нешто повеќе од тоа. Кога првпат почувствував дека целото тело ми е оргазмично, тоа ја промени мојата реалност. Доживував безбројни оргазми од секој дел на телото – на прстите , на рацете, на носот, на усните, во срцето. Буквално, моите гениталии можеа да заминат во пензија. Ова искуство направи концептот на повеќекратен оргазам да изгледа смешен. Размислував за своите некогашни кратки интензивни клиторични оргазми и оние кои ми делуваа како брза храна. Продолжената, длабока состојба на задоволство ми го излекува нервниот систем – изјавила Кетрин.

Таа раскажала дека покрај успехот кој го остварила во животот, секогаш чувствувала дека е оштетена бидејќи едвај чувствувала оргазми во текот на сексуалниот однос.

– Сега знам дека мојот „хардвер“ е во ред, ми се расипа „софтверот“. Тој проблем можеше да се исправи. Сите жени може да доживеат оргазам, само тоа се уште не го знаат. Во текот на нашите истражувања откривме дека жената не ни мора да има секс за да доживее кулминација – вели ќерката на српската принцеза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top