Скопје од денеска до 25-ти овој месец е домаќин на Европското шаховско клупско првенство. Ќе учествуваат над 500 шахисти од 46 земји, а мотото на овогодинашниот куп е „Битка на умовите“.
Вечерва Европското шаховско клупско првенство официјално го отвори премиерот Никола Груевски, заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Европската шаховска унија Азмај Парашвили.
– Шахот како спорт во Македонија има долга традиција. За тоа говорат бројни имиња на веќе докажани мајстори од нашата држава како и четири шахисти кои се имаат стекнато со националното спортско признание, односно популарно нареченото спортска пензија, рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека со цел промоција на шахот од учебната 2012/2013 година Владата го воведе шахот како дел од наставната програма по физичко воспитувањето во основното образование.
– Оттука верувам дека голем број ученици ќе го засакаат шахот уште од малите години и Република Македонија ќе дава се поголем и поголем број мајстори во оваа древна игра, истакна Груевски.
Изрази надеж дека и овој настан ќе биде инспирација за многу млади луѓе да навлезат уште подлабоко во тајните на шаховската игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


