| четврток, 6 декември 2018 |

Причини зошто се будите ненаспани

spienjeАко и по 8 часа сон се будите уморни, тогаш мора да ги смените навиките во положбата на спиење. Две пози при спиење создаваат непријатнопсти во телото заради кое се чувствувате изморени и ненаспани.

Спиење на стомак

Оваа поза многу е тешко да ја задржите природната и опуштена положба на карлицата. Исто така, на овој начин создавате зголемен притисок на препоните и другите стомачни мускули, нозете и рацете, што го надразува нервниот систем на организмот и може да доведе до затегнување и болки во мускулите. Слично е и со положбата на главата која е поставена максимално на страна, со што тетивите се затегнати, нервите притиснати, што може да доведе до болки во вратот и неочекувани главоболки.

Положба на фетус

Можеби оваа поза е онаа во која многумина уживаат, сепак таа не добра за вашето тело и сон. Карлицата е свиткана во форма на буквата C што никако не е природно. Исто така, во оваа положба страдаат и вашите колена, кои ако долго се свиткани во иста положба ја влошуваат циркулацијата и предизвикуваат болки во зглобовите. Оваа положба на спиење ја притиска дијафрагмата и со тоа го отежнува дишењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top