| четврток, 6 декември 2018 |

Догодина шест нови градинки за нови 500 деца

градинкаМногу сме посветени во делот на градинките. Тоа е дел од нашата поширока стратегија за демографијата, за зголемување на наталитетот, имаме план кој секоја година го исполнуваме за отворање на нови градинки, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5.

-За овој мандат предвидовме отворање на 40 нови градинки од кои 12 се отвораат оваа година, еден дел од нив се отворија, три треба да се отворат до крајот на годината во Радишани, Пинтија и Ѓорче Петров, некои ќе почнат сега кои треба да се отворат следната година. Покрај ова донесовме одлука и дополнителна програма за градба на државни градинки во деловни објекти што се во државна сопственост во Скопје. Се планира отворање на нова градинка некаде јули-август во општина Центар 3, една позади источна трибина на националната арена „Филип Втори“, каде има огромен простор и ќе има сместување за околу 250 деца, во Капиштец, но и други општини, во Козле, Ѓорче Петров за кои Владата има утврдени точни локации. Во исте нив ќе бидат сместени голем на дечиња, над 500 дечиња ќе добијат место во градинка, истакна Груевски.

Премиерот посочи дека охрабруваат многумина да отворат и приватни градинки за што во иднина се предвидуваат грантови.

-Владата ќе дава грантови од 10.000 евра за оние кои ќе сакаат да отворат приватни детски градинки, работиме и на државнидетски градинки и помагаме и на приватни да се отворат, објасни македонскиот премиер.

Тој додаде дека процентот на сместувачки капацитети е дуплиран од времето кога се дојдени во Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top