| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се менува сиот мебел во сите студентски домови

steudentski domВладата донесе одлука со која е предвидена повеќегодишна набавка на замена на целокупниот мебел во сите студентски домови, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во ТВ Канал 5 кој појасни дека замената на целиот мебел ќе се врши во неколку фази во период од две до три години. Покрај набавката на мебелот и реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, ќе биде изграден нов дом за студентите, додаде Груевски.

-Активно се работи на изнаоѓање локација за нов студетски дом. Министерот и заменик министерот за образование со својот тим работат на истото, имаат неколку локации во Скопје и треба да направата евалуација која од нив е најсоодветна. Очекувам дека идната недела локацијата ќе биде позната- потенцираше премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top