| четврток, 6 декември 2018 |

Како да му се верува на Заев, кога лаже од состанок со врвни луѓе од една пријателска држава

zaev laze od izrael-Се случи голем срам за државата. Политичар кој претендира за премиерска позиција да замине во странство и да ја брука државата. Невистини зборуваше пред самата зграда. Моите информации говорат дека после случката имале координација МНР , МОСАД и МВР на Израел за тоа како да постапат бидејќи прв пат се соочуваат со ваква работа, по излегување од Владата човекот што го примиле да дава јавна невистинита изјава- истакна премиерот Никола Груевски за Канал 5 околу демантите од Израел на изјавите на Зоран Заев по неговата посета на земјата.

Премиерот посочи дека срамот е уште поголем што и покрај тоа што беше фатен во лага, а неговата изјава беше директно демантирана од потпретседателот на израелската Влада, Заев ниту му се извинил на Израел, ниту на граѓаните на Македонија за срамот кој и го нанесе.

-Ако Заев дозволува во една таква сериозна држава да говори такви лаги, што ли да очекуваме ние во Македонија од него, и како опозиционер и како претендент за премиер.Тој покажува дека не е дозреан за градоначалник, а камоли за некоја државна институција. Како секој граѓанин ќе може да му верува на него, кога излегува од состаноци со врвнилуѓе од една пријателска држава и ја лаже сопствената јавност, додава Груевски.

Тој нагласи дека на Израел ќе мора да му се извини за однесување на Заев и ќе изнајде начин како тоа да се реализира, бидејќи Заев во Македонија е опозиционер, но како што рече, во странство ја претставува Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top