Новиот менаџер на Ливерпул, Германецот Јурген Клоп ги освои симпатиите на навивачите веднаш откако беше именуван за прв човек на клупата на „црвените“.
Тој започна со тренинзите оваа недела и веќе денеска ќе го има своето жешко крштевање на клупата во дерби дуелот против Тотенхем на гостински терен.
Тој започна и со новите мерки, а тоа вклучува и забрана за посета на сопругите и девојките на фудбалерите во тренинг кампот на Ливерпул.
Тоа е прва негова превентивна мерка од можната деконцентрација кај играчите, а е донесена со желба тие целосно да се фокусираат на тренинзите и фудбалот. Во иднина, фудбалерите сами ќе доаѓаат во Мелвуд, без разлика дали се работи за тренинг или скаутинг.
– Моите идеи не се подобри од оние на Роџерс, туку поинакви. Се надевам дека ќе им ја вратам самодовербата на фудбалерите – изјави Клоп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.