| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока битка за Сирија: Москва и Вашингтон веројатно ќе влезат во напнат период од претседателски преговори

Блискиот исток никогаш повторно нема да биде ист после антитерористичките интервенции на Русија во Сирија. Претходно неспорната американска хегемонија над регионот сега е минато. Но, тоа не значи дека САД се засекогаш во потполност истиснати од тоа подрачје, пишува „Точка“

Бидејќи помина фазата од првобитниот шок, Вашингтон конечно започна да планира свој контра-одговор. “Фрлањето” на 50 тони вооружување и опрема за “новокупените” Демократски сили на Сирија на североистокот на земјата укажува на новиот американски пристап.
САД врши притисок врз своите сојузнички единици да ја освојат Рака за неколку недели, со помош на голема американска воздушна поддршка, со цел да се воспостави “фактичка состојба на теренот”, со цел подоцна да влијаат на политичкиот процес и федерализацијата која што уште од претходно ја предожи американскиот Брукингс институт.
Ако истовремено нешто слично се случи и во Ирак, во регионите во кои што доминираат сунитите, ќе се креира полу-институционализиран автономен прекуграничен ентитет кој што ќе ги убие сите надежи за оживување на гасоводот помеѓу Иран, Ирак и Сирија. А она што е уште полошо е тоа што може да воскресне гасоводот Катар-Турција кон Европа, што беше и една од најголемите причини за сириската војна, а потоа и “по средина” да се поделат членовите на руската антитерористичка коалиција.
САД овојпат врти нов лист, драстично менувајќи го стратешкиот фокус на Рака, бидејќи многу добро сфаќаат дека регуларната Сириска арапска армија (САА), ако го освои главниот штаб на Исламската држава, ќе биде во состојба да го наметне било кое постконфликтно политичко решение во тој регион.
Трката за освојување на Рака помеѓу САА и таканаречените Демократски сили на Сирија (ДСС) морбидно потсетува на сојузничката трка за Берлин пред 70 години, бидејќи Москва и Вашингтон се движат кон иста стратешка цел од два различни правци. Исто како што и трката за Берлин беше искористена за формирање на фактичка состојба која би ја одредила и послевоената “Нова Европа”, така и трката за Рака е главен фактор во одлучувањето за тоа како ќе изгледа послевоениот “Нов Близок исток”. Поради тоа, САД инсистира за силите кои што ги поддржуваат да го освојат градот во најкус можен рок.
Освојувањето на Рака можеби нема да биде доволно за да се зацврсти позицијата на ДСС и да ги доведе во можност да наметнат модел на федерализација во остатокот од земјата. Оттука доаѓа и неопходноста за воспоставување на конкретни демографски состојби на теренот. За тоа постојат неколку сценарија, но едно од најверојатните е дека големиот број на бегалци и џихадисти во повлекување ќе се се сместат на истокот на Сирија, додека западните медиуми сите нив ќе ги претстави како “сунитски бегалци”. Нивниот голем број во тој дел од земјата би креирал жив штит кој би ги спречил руските воздушни напади, а тоа во исто време би направило и огромна демографска промена, со одобрување на Вашингтон.
Ако таканаречените Демократски сили на Сирија први ја заземат Рака, тогаш овие “сунитски бегалци” би можеле да им се предадат на нив, наместо на силите на сириската армија, ефект кој што би бил сличен на предавството на нацистите кои што им се предавале на Американците како не би паднале во рацете на Советите. Иако ДСС не се меѓународно признаени, масовното предавање на џихадисти и “бегалци”, со нивна контрола на територијата би овозможило Демократските сили на Сирија де факто да станат власт во тој дел од земјата. Тоа би ги зголемило шансите за да се оствари планот за федерализација, коj што сесрдно ќе го поддржат западните мејнстрим медиуми.

Исто како што била клеветена советската војска како “варварски комунисти”, за да се оправда масовното предавство на нацистите на Западот, така и регуларната Сириска арапска армија ќе биде клеветена, како што тоа се прави повеќе од четири години. САА ќе биде означена како “нелегитимна” и “варварска”. Крајниот ефект ќе биде ист – вистинските ослободителни сили во војната (советската армија и САА) ќе изгледаат како “лоши момци”, додека вистински лошите момци (нацистите и вехабистите) ќе бидат прикажани како жртви на ослободителите како би се придобиле симпатиите на Западот. Мора да се има предвид дека и двете ситуации се добри примери за високото ниво на информациското војување, кои треба да постигнат одредени конкретни геополитички цели.
Новата Американска стратегија зависи од неколку фактори. Првиот е дека Исламската држава, ако се предаде ДСС, јавно промовира дека тоа го направила со цел да се промовира “политичко решение” кое што на таа територија би донело ниво на автономија, исто или поголемо од она кое што го има курдската регионална влада во Ирак. Исто така, нешто слично ќе мора да се случи во истиот временски период во ирачката провинција Анбар (и потенцијално дури и Нинива). Така би можел да се формира прекуграничен сунитски ентитет во Ирак, источно од Еуфрат, и од сириските покраини Ар-Рака, Ал-Хасака и Деир ез-Зор.

Тоа е единствениот начин да, за САД, воениот пораз на терористите делумно да се претвори во економско-стратешка “победа” и да овозможи креирање про-американски сателити во срцето на Блискиот исток, зајакнато од географската блискост со Саудиска Арабија и Катар, но и со гасоводот Турција-Катар кој би водел низ него.
Ова сценарио може да биде срушено ако после војната се појави јаз помеѓу Курдите и Арапите во рамките на ДСС. Главните делови од овие проамерикански сили се курдските Единици за народна заштита (ИПГ) и Сириската арапска коалиција, кои можат да имаат различни ставови за доделувањето на териториите во рамките на предложените федерални структури. За САД, Турција и заливските држави би било апсурдно и неприфатливо за гасоводот Катар-Турција да оди низ територија под контрола на Курдите, така што решавањето на тоа прашање останува најважно нешто за успехот на американскиот план.
Ако про-американските сили навистина успеат да ја заземат Рака, тоа значајно би ја зголемило веројатноста за федерализација, како и можностите за конфликти помеѓу ДСС со единиците на Сириската арапска армија. Ова е најопасното сценарио кое што може да се случи бидејќи тоа би можело да доведе до ескалација на ситуацијата до можност за Вашингтон да ги оствари претходните закани за бомбардирање на силите кои што му се верни на претседателот Асад.

Во една таква напната ситуација, Русија не би можела да дозволи за САД да го бомбардираат нивниот повеќедецениски сојузник, така што Москва и Вашингтон веројатно ќе влезат во напнат период од претседателски преговори, како би се надминал некаков неочекуван конфликт помеѓу нив. Не изгледа како било која страна да поседува апетит за таков конфликт, но ризикот од тоа е голем. Сè ќе зависи од тоа кој ќе ја освои Рака. Ако сириската влада успее во оваа енормно важна симболична задача, нема сомнежи дека САД срамно ќе се повлече од срцето на Блискиот исток. Но, ако американските сојузници го освојат овој град, сè ќе биде поинаку.
Москва и Дамаск во тој случај би имале можност за договор со Курдите, со чија што поддршка би ги елиминирале силите на ДСС. Сепак, тоа би можело да предизвика значајни тензии со САД. Состојбата во која што силите под поддршка на САД и Русија би се подготвувале за одлучувачка битка за Сирија, може да доведе до несогледливи последици, кои никој не би ги очекувал.
Настанатата криза со сигурност ќе прерасне во најголемо епско вкрстување на силите помеѓу Вашингтон и Москва, од мрачните денови на месец октомври во 1962-рата година. Сепак, овојпат веројатно САД прв “ќе затрепка”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top