| четврток, 6 декември 2018 |

Српското „Фиќо“ ќе се вози во Велика Британија

Компанијата Фиат aвтомобили Србија (ФАС) започна извоз на автомобилите од брендот „Фиат 500 l” во Велика Британија. Како што е наведено во соопштението на компанијата, започна производството на “Фиат 500 l” наменет за пазарот во Велика Британија започна, а првиот дел нарачката е извезена во текот на март, пренесе Б92.

Директорот на Фиат автомобили Србија, Антонио Ферара, на 22-ри март извести дека започна производството и на автомобилите “500 l” наменети за американскиот пазар, каде што продажбата треба да почне кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Како што е наведено во компанијата,  продолжената верзија  на “Фиат 500 l” со седум седишта е предвидена за продажба во втората половина на оваа година. Моделот со седум седишта премиерно на 18-ти  февруари во фабриката во Крагуевац, му беше презентирана на премиерот Ивица Дачиќ и на министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ.

Во фабриката во Крагуевац, како што беше најавено, од утре се воведува и трета смена, поради зголемување на производството. Компанијата Фиат автомобили Србија претходно објави дека поради зголемување на производството за извоз планира да вработи повеќе од 600 работници.

Фиат од јули минатата година, кога започна со производство во Крагуевац, произведе и извезе 43.000 автомобили “500 l”. Според планот на Ферара, годинава ќе бидат произведени 110.000 до 150.000 автомобили, а бројката ќе зависи и од тоа дали ќе биде договорена бесцарински продажба во Руската Федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top