| четврток, 6 декември 2018 |

„Пламен на сонцето“ е оружјето со кое Русите планираат да ја уништат ИСИС

Русија во Сирија ќе го испорача едно од своите најсмртоносни оружја со кои што планира потполно да ја онеспособи Исламската држава. Се работи за ракетниот фрлач TOS-1A, кој што има сила за со еден удар да уништи осум градски блокови. Оваа инфорација, која што Кремљ сè уште официјално ја нема потврдено, се појави после соопштението дека руските авиони во вторникот уништиле 40 мети на територијата која што ја контролира ИСИС.

TOS-1A е систем на ракетен фрлач со термобарично oружје кое што се монтира на шасија од тенк Т-72. Ова оружје има и свој прекар – Сончев пламен.

Таканаречените термобарични боеви глави наводно се веќе доставени во Сирија. Овие проектили распрскуваат течност на метите, кои потоа се запалува и ги уништува. Штетата која што ја предизвикува ова оружје е – тотална.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека вчера нивните борбени авиони уништиле 40 мети на Исламската држава во текот на изминатите 36 часа, при што со земја биле срамнети неколку тренинг-кампови и складишта за оружје.

Авионите Су-34, Су-24М и Су-25СМ извршија 41 напад, од кои што 40 се оценети како успешни. “Уништени се објекти на ИСИС во Алепо, Латакија, Идлиб, Хама и Дер Езор”, соопштено е од Кремљ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top