| четврток, 6 декември 2018 |

Раиконен по завршувањето на кариерата ќе остане во Ферари

Финскиот Формула 1 возач, Кими Раиконен, кој веќе пет години вози за тимот од Маранело, Ферари, најави дека ќе го испочитува договорот со тимот и по 2016 година ќе ја заврши долгата кариера.

Светскиот шампион од 2007 година се врати во најбрзиот циркус во светот откако помина една година возејќи рели и НАСКАР. Финецот и претходно најави дека кариерата сака да ја заврши во тимот од Маранело.

– Сè уште не знам што ме очекува. Имам уште една година од договорот. Долго време сум во Ферари и постои некоја веројатност да останам во тимот, но не како возач. Не сакам да предвидувам ништо, ќе видиме што ќе се случи – изјави 35-годишниот пилот.

Пред продолжување на договорот на уште година имаше шпекулации дека Раиконен ќе биде заменет од Валтери Ботас од Вилијамс Рено, но тоа не се случи и двете страни се обврзаа на уште една година, шеста во кариерата на Финецот во Ферари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top