| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележан денот на здравата храна во градинката „Морковче“

Во градинка „25 Мај”, Објект “Морковче”, во Јурумлери, во скопската општина Гази Баба беше одбележан Меѓународниот ден на храната, каде што децата заедно со нивните воспитувачи, подготвуваа здрави оброци и учеа за важноста на природните, свежи производи кои треба да бидат вклучени во секојдневната исхрана на децата.

На Меѓународниот ден на храната и во останатите градинки ширум Македонија, имаше едукативен дел каде што на 20.000 деца и нивните воспитувачите им беа поделени едукативните материјали, брошури и флаери. Покрај едукативниот дел целта е да се искористи денот и за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за храна како здравата храна во кујните во градинките, во училиштата и во заедницата воопшто.

unnamed (4)

– Компанијата „Тинекс“ како општествено одговорна компанија ги поддржува проектите и иницијативите поврзани со здравите животни навики и правилната исхрана, особено кај најмладите. За таа цел, на наше огромно задоволство се вклучивме во одбележување на меѓународниот ден на храната и направивме едукативни материјали преку кои ќе ги поттикнеме децата и нивните родители повеќе да размислуваат за здравиот начин на храна, а со тоа ќе придонесеме за здрави генерации на деца чиј избор на дневното мени за јадење секогаш ќе бидат природните, здрави и свежи намирници богати со високи нутритивни вредности – изјави бренд директорката на Тинекс, Цветанка Христовска.

unnamed (5)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top