В недела, на 18 октомври, ќе се одржи еднодневна организирана бесплатна тура по музеите и по галериите во Скопје, насловена како „Мапа на културата“.
Станува збор за неколкучасовна обиколка на најинтересните културно-историски локации со содржини наменети за љубителите на уметноста од целата држава.
Проектот, кој се одржува по вторпат подразбира бесплатна посета на Музејот на македонската борба, Спомен-куќата на Мајка Тереза, како и историскиот дел на Скопје, попознат како Старата скопска чаршија, со објектите Куршумли-ан, Чифтеа-мам, Капан-ан, Даут-пашин амам, кои се вклучија во проектот, a чиишто кустоси ќе ги водат посетителите низ постојните музејски поставки.
Предвидени се две ротирачки групи што стартуваат од 10.00 часот, едната од плоштадот Филип Македонски, а другата од 11.00 часот од Старата железничка станица.
Гостин водич е Данило Коцевски, познатиот хроничар на Скопје, кој ќе се вклучи во турата на плоштадот Македонија со интересни приказни за градот некогаш и сега.
Целта на „Мапа на културата“ е подигнување на свеста кај пошироката јавност за сопственото археолошко и културно-историско наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


