| четврток, 6 декември 2018 |

Солана: Кризата во Европа може да доведе до конечен прием на Македонија во НАТО и ЕУ

солана

Поранешниот генерален секретар на НАТО и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана смета дека со влошувањето на безбедносната состојба во Европа и со бегалската криза, се создаваат услови за решавање на помалите проблеми како што е спорот за името меѓу Грција и Македонија. Ова, според Солана, може да помогне конечно да се реализира приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

– И покрај сите проблеми во Европа, на Македонија и оди добро. Не сум бил подолго во посета, но сметам дека актуелните проблеми со економската криза и бегалците одат во прилог на тоа Македонија, и покрај спротиставувањето од Грција, конечно да ја заокружи евроатланската интеграција. Мислам дека Македонија добра ја врши работата. Навистина многу се надевам дека сите проблеми поврзани со името ќе бидат повлечени. Ситуацијата во моментов во Европската Унија ќе помогне за надминување на оние да речеме објективно помали проблеми, па тие ќе бидат решени – оцени Солана во изјава за Македонската Телевизија. Солана изјавата ја даде за време на настан во Институтот Брукингс во Вашингтон, каде е ангажиран како експерт за безбедносни прашања.

Во врска со изворот на бегалската криза, која ја потресе Европа, Солана смета дека Европската Унија, но и други држави, имаат обврска да ги примат бегалците, при што не може да се очекува ЕУ самата да прими милион бегалци. Солана го поздравува договорот за нуклеарната програма на Иран и вклучувањето на оваа шиитска држава во борбата против сунитската исламистичка организација ИСИС, која дејствува во Ирак и Сирија, но смета дека е потребно формирање на поширока антитерористичка коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top