Европската унија бара од Србија политички да се откаже од Русија, пишува српски Блиц. Воведувањето санкции на Москва ќе биде услов за напредок во преговорите за членство, дознава весникот од дипломатски извори од Белград.
Според информациите на весникот, Европа подготвувала тврд услов во врска со Русија. За да се отвори поглавјето 31 од преговорите со ЕУ за надворешна политика, Владата во Белград ќе мора во многу поголема мера од сега да го усклади своето однесување со Брисел. Тоа, како што велат соговорниците, едноставно значи Србија да се приклучи на економските санкции кон Русија.
Европски земји кои воведоа санкции кон Русија а не се од ЕУ, се Албанија, Црна Гора, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Русија им одговори со контрасанции на низа прехрамбени и земјоделски производи.
Тоа го очекуваат и аналитичарите во Србија доколку владата го направи тој чекор, а штетата би била огромна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.