| четврток, 6 декември 2018 |

Турција бара три милијарди евра за справување со бегалците

Greece Refugee CrisisВо рамки на преговорите за решавање на бегалската криза во Евроа, Турција побара три милијарди евра помош од Европската унија за справување со проблемот со бегалците, јави ДПА повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, кои побарале анонимност.

Според истите извори, Турција нагласила дека е подготвена да соработува со ЕУ за справување со бегалската криза, но покрај финанансиската помош, побарала и отстапки во визниот режим и добивање на статус на „сигурна земја“.

Анкара бара забрзување на прегооврите за олеснување на визниот режим за патување на турските граѓани во ЕУ, како и да биде вклучена на листата на „сигурни земји“, со што ќе се ограничат можносите на турските граѓани за добивање азил во земјите на Унијата.

Претходно денеска, турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за приватната телевизија ТГР ТВ, соопшти дека Турција и предложила на Европската унија да потпишат договор за визна либерализација во првата половина од 2016 година, наместо во 2017 година, како што првично беше планирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top