| четврток, 6 декември 2018 |

Свилановиќ: Најголема грижа за Балканците е како да најдат работа

064746Многу истражувања покажуваат дека најголема грижа на граѓаните од балкнаските земји е како да најдат работа или како да ја задржат, изјави во Сараево генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.

– Токму тој проблем е суштината на она со што треба да се занинава политиката, порача Свилановиќ на обраќањето на Интерпарламентарната конференција на тема „Економското управување и создавањето нови работни места во ЕУ и во земјите аспиранти за членство“, органиизран од Европскиот парламент и Советот за регионална соработка.

Според Свилановиќ, економијата и политичарите можат да помогнат за промена на состојбите во регионот, да го олеснат товарот на приватниот бизнис и да го направат јавниот сектор поефикасен.

Романскиот европартеник Теодор Думитру Столојан во обраќањето на собирот ја нагласи потребата од поинтензивна регионална соработка, бидејќи како што речи сите земји на Балканот се со средно ниво на приходи, со мал број жители и мали економии.

– За да обезбедат одржлив развој, малите земји од Балканот мора да станата конкурентни и да се ориентираат кон извозот, без кој не ќе можат да успеат, додаде Столојан.

Дводневната конференција во Сараево е дел од програмата на Европскиот парламент за поддршка на собранијата од државите аспиранти за членство во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top