Инсистирањето на опозицијата да се донесе посебен закон за заштита на таканаречените „свиркачи“ е само уште еден доказ дека аферата „Бомби“ е добро подготвено сценарио на надворешни центри на моќ, според кое, по исполнувањето на главната цел – уривање на власта, треба да се спасат од кривична одговорност домашните актери во драмолетката преку законски решенија што се надвор од секоја правна логика. Дека станува збор за сценарио, а не за случајност, е повеќе од очигледно. Потребно е само да си ја освежиме меморијата за писанијата на медиумите под контрола на Заев од април годинава, кои уште тогаш го опишаа расплетот на кризата повикувајќи се на „тврдења на анонимни дипломати“: „американски дипломати ќе испорачаат пакет подготвен од Вашингтон, кој содржи барање за оставки на компромитираните државни функционери, формирање преодна влада со широка политичка основа, затворање на отворените кривични случаи со општа амнестија и прекин на кампањата на објавување аудиоснимки од илегалните прислушувања“. Всушност, тоа беа сите барања што во моментов јавно ги презентираше и Зоран Заев.
Никогаш не се дозна кои се „анонимните дипломати“, но очигледно дека биле многу добро упатени во ситуацијата затоа што од пакетот остана да се исполни уште само целосната амнестија на учесниците во аферата, кои, патем, се директно одговорни за настаните од почетокот на годината, кои ја доведоа земјата на раб на граѓанска војна. Како гаранција дека сценариото ќе се реализира до крај и дека Заев, заедно со Верушевски и со компанијата ќе бидат амнестирани од секаква одговорност, се дел од булдожер дипломатите, кои директно или индиректно учествуваат во преговорите од Пржино. Меѓу нив е и амбасадорот кого Заев во дописката со Верушевски го именува како „надворешен пријател“ и кој требаше да му најде работа на Верушевски откако со новиот автомобил ќе избегаше од земјава.
Да се разбереме, законската заштита на „свиркачите“ не е спорна, туку содржината што се предлага. Со други зборови, секако дека треба да има охрабрување и системска заштита за чесните граѓани што ќе пријават коруптивно однесување на државни функционери. Со тоа вработените ќе можат да ги пријават своите шефови, раководители, директори, министри… без да се плашат од одмазда и без да бидат доживувани во јавноста како шпиони.
Сепак, во ова законско решение мора прецизно да се разграничи до кога „свиркачот“ е херој, а од кога ја преминува линијата и станува кодош, странски шпион, криминалец или државен непријател. Токму затоа, ќе треба точно да се дефинира за какви пријави ќе бидат поддржани „свиркачите“ и притоа да се расчистат неколку дилеми: дали „чесните граѓани“смеат да обезбедуваат лична корист (финансиски награди) за „храбоста“? Смеат ли да соработуваат со странски служби и да ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, на државата и на вработените во безбедносните служби? Смеат ли да тргуваат и да уценуваат со материјалите, да издаваат државни тајни, да ја загрозуваат приватноста на граѓаните и на функционерите? Исто така, многу е важно кој ќе ја исцрта границата меѓу чесните и предавниците! Дали ние самите, според нашите интереси, или странците, според нивните потреби.
Токму затоа, не смее ни да се помисли да стане збор за каква било амнестија за „Пуч“ и повеќе од важно е случајот со Верушевски и со другите соработници на Заев да има судска разрешница во која ќе се добијат одговори на овие прашања. Македонските граѓани, кои беа најголеми жртви на случувањата годинава, стрпливо чекаа повеќе од девет месеци за да ја дознаат вистината за „Пуч“, вклучувајќи ги и имињата на странските соработници на Заев. Тоа право на граѓаните не смеат да им го одземат ниту Заев, ниту амбасадорите, ниту странските центри на моќ, ниту специјалната обвинителка. Ако се дозволи такво нешто, тогаш Македонија влегува во уште поопасен период, критичен за нејзиниот опстанок во кој главниот збор ќе го имаат шпионите и странските служби водени секој од својот личен интерес, но во никој случај од интересите на македонскиот народ. Тогаш Македонија од држава ќе стане протекторат, во кој странците ќе ги држат на кратко јаже сите идни премиери и министри. Тогаш секој изрод и предавник ќе има законско право да ја загрозува безбедноста на државата и на граѓаните, да го урива државниот поредок и да ги уценува државните институции.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори