Осум бегалци се водат како исчезнати откако дрвен чамец со кој се движеле кон грчкиот остров Лезбос, се судрил со патролен чамец ангажиран на операција за спасување, по што потонал, соопшти грчката крајбрежна стража.
Инцидентот се случил денеска во близина на островот Лезбос, во Егејското Море, кое е главна точка за влез на бегалци на нивниот пат од соседниот турски брег.
Стотина илјади луѓе кои бегаат од војна или сиромаштија досега оваа година преминале од Турција во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.