Пред почетокот на седницата на Собранието на Косово, во собраниската сала денеска повторно е активиран солзавец.
Пратениците на косовското собрание излегоа од салата, а пред работното претседателство на Собранието се пратениците на Самоопределување и на Алијансата за иднината на Косово.
Инаку, косовската полиција денеска примени дополнителни безбедносни мерки на влезот на Собранието на Косово, како и преку таа контрола влезе и претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која се уште е во зградата.
Контролата ја минал и претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели, кој бил вратен на преглед бидејќи детекторите реагирале на метал. Тој заборавил метален објект во џебот.
Преку собраниската контрола минале и лидерот на Самоопределување Висар Имери и пратениците на таа партија, Албин Курти, Аљбулена Хаџиу и Глаук Коњуфца.
Приштинските медиуми објавија дека први во парламентарна зграда влегле Џавит Халити потпретседател на Собранието и лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кои не ја минале процедурата за контрола.
Претседателството на Собранието побараа построга контрола на влезот во зградата, откако на поранешниот лидер на Самоопределување Албин Курти, минатата недела го активира солзавец, поради што седницата беше прекината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст