Секој хороскопски знак си има свои маани, прочитајте кои се љубовните недостатоци карактеристични за вашиот знак.
Овен
Многу барате и тешко ви е да се прилагодите на потребите на партнерот. Се заљубувате на прв поглед, а личноста која ви се допаѓа скоро и да не ја познавате. Меѓутоа, ако партнерот не ја оправда сликата која сте ја создале во вашата глава, за момент се ладите. Често ви недостига стил, љубоморни сте и посесивни, а во некои ситуации знаете да бидете и груби. Лесно се навредувате и во бесот може сè да кажете. Во врската имате потреба да доминирате, а во расправиите сте пристрасни и субјективни.
Бик
Додека да се одлучите вистинската прилика ќе ви избега. Ретко ги преземате првите чекори, а за своите чувства воопшто не сакате да зборувате. Во заедница сте главно поборник на патријархалните односи, посесивни сте и тврдоглави, а од партнерот барате целосна посветеност и преданост.
Близнаци
Често го покажувате и другото лице па умеете да бидете ладни, а верноста брзо ви досадува. Сакате да флертувате и да експериментирате со паралелни врски. Но, затоа од партнерот очекувате да ве забавува и да ги толерира вашите нагли промени на расположение. Ве привлекуваат неосвоиви тврдини, но сепак не може да се каже дека сте во состојба да почувствувате длабока страст и преданост. Зборовите ви се често поважни од делата, умеете да бидете нарцисоидни, и ненамерно да си играте со туѓите чувства.
Рак
Полни сте со предрасуди, затворени во сопствениот оклоп и поради тоа патите од осаменост и несфатеност. Премногу сте романтични и склони кон идеализирање, па од партнерот често го очекувате невозможното, па тој често стравува да не ве повреди со некој збор или постапка. Барате некој кој ќе се грижи за вас, па вашата врска може да личи на однос мајка и дете, посебно ако сте маж. Ако сте дама, посесивни сте и комплицирани.
Лав
Паѓате на атрактивен изглед и висок материјален статус на партнерот. Сметате дека сте неодоливи, но потајно сепак се плашите од потсмев и одбивате. Суетни сте, егоцентрични, сакате да бидете во центарот на вниманието. Освен тоа, вие сте традиционални, сакате да доминирате во врската и од партнерот очекувате да се прилагодува и потчинува. Тешко ги признавате своите грешки и партнерот постојано мора да го храни вашето его и да ве уверува дека сте „нај“.
Девица
Ви замеруваат на дистанцираноста и ладниот однос, а ве сметаат и за вистинска „ледена кралица“ на која и е тешко да го пронајде вистинското љубовно задоволство и вистинскиот партнер. Многу сте критички настроени и склони кон идеализирање на оние кои ви се допаѓаат, поради што вашите врски често се раскинуваат. Малку повеќе неформалност и толеранција, а помалку педантност би било полезно за вашите осетливи нерви.
Вага
Љубовта е изворна мотивација и суштина на вашиот живот, а истовремено претставува и ваш најголем пекол. Тешко ви е да сте само со една личност, подолго време да чувствувате исто, поради што во својата глава постојано живеете паралелен живот, а повремено се впуштате и во некоја авантура за да ја нахраните својата фантазија. Несигурни сте и лесно е некој да ве поколеба. Ако сте дама, вие сте непоправлива кокета, сакате да флертувате, но би треба повеќе време за да го направите првиот чекор поради вашата неодлучност.
Скорпија
Кога нешто не ви е по волја, веднаш почнувате да се сомневате во нешто, а умеете да бидете и агресивни спрема партнерот. Во вас владее жестока страст, сакате да доминирате, па често правите љубоморни сцени. Сексот ви служи за да ги изразите емоциите кои не знаете да ги изразите на друг начин. Во младоста сте поподложни на пороци, саможивници сте, не трпите приговори, склони сте кон нагли реакции, нетолерантни сте и немате премногу разбирање за туѓите потреби, па оние кои ве сакаат имаат чувство дека ја губат личната слобода, особено ако сте жена.
Стрелец
Ако зацртате дека некој ќе биде вашиот иден партнер, вие тоа и ќе го остварите. Толку сте упорни и напорни, што не се плашите од ништо. Не ви е срам да „трчате“ по оној/онаа кој/а ви се допаѓа, а ако треба да се направи и некој мал скандал – тоа не е воопшто проблем за вас. Проблемот е во тоа што вие некако цел живот останувате незрели и не умеете да учите од сопствените грешки. Често сте во состојба да го повредите партнерот и да се преправате дека ништо не се случило.
Јарец
Иако делувате ладно, резервирано, строго и круто, во суштина сте многу ранливи на емоционално ниво. Кога ќе засакате некого, повеќе сакате да бегате од него, во случај да не ве повреди. Ако сте маж, почетниот романтичен жар брзо го заменувате со навика, па за партнерката понекогаш повеќе ве поврзуваат заедничките материјални интереси отколку љубовта.
Водолија
Вие сте по малку тежок случај. Иако сте многу тврдоглави и упорни, пред партнерот тоа вешто го прикривате. Во љубовта одлично ви функционира фантазијата. Задоволни сте со малку и можете долго да трпите одредена ситуација, што не е добро за вас. Бидејќи, вие сте можеби единствениот знак кој во љубовта повеќе болка си нанесува себеси отколку на другиот затоа што многу долго време не ве напушта размислувањето за поранешниот партнер/ка и поради тоа патите. Немате доволно иницијатива и чекате животот сам да ви го донесе партнерот.
Риби
Кога вие ќе се заљубите, тоа е вистинска мала лична трагедија! Сè може да ве навреди, сè доживувате лично, осетливи сте, но умеете и да трпите. Љубовта е за вас патење без крај, но исто така и илузија. Во суштина, вие не ни сакате да ги согледате работите во целост. Се плашите од вистината, особено кога таа е болна. Вие сте голем идеалист. Во љубовта, како и во животот, само поради вашата индолентност пречесто допуштате работите да се случуваат против вашата волја, а притоа да не пружите никаков отпор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.