| четврток, 6 декември 2018 |

Најново истражување покажа дека каменот во бубрег може да го исфрлите со секс! (фото)

Ако барате интересен и забавен начин за на некој сериозно да му ги решите здравствените проблеми и, можеби, да му го спасите животот, не морате да одите далеку. Доволно е што почесто да водите љубов со личноста што има камен или песок во бубрег.

kamen-u-bubregu-lece-seksom-620x350

Се случува научниците понекогаш, навистина, да немаат попаметна работа, па се занимаваат со по малку луди истражувања, сè со цел да докажат дека нешто е возможно. Но, резултатите умеат да ги изненадат и нив. Најновата студија имала за цел да проучи дали со редовен секс лицата со камен во  бубрег може полесно да го исфрлат.

Во фокусот на оваа студија, пред сè, биле песок, камен и други кристали  наталожени во долниот дел на мочниот канал.

Голем број романтични двојки – волонтери (од кои еден од партнерите имал проблем) биле поделени во три групи.

На заболените за време на целото истражување стручњаците редовно им земале урина за да го измерат присуството на кристали во неа.

bubrezi004

Едните имале задача само да водат љубов три до четири пати неделно без каква било друга терапија.

Во другата група заболениот зимал тамсулосин, лек што помага и овозможува полесно исфрлање камен, а секс имале вообичаено (во просек еднаш или два пати неделно, а неретко и поретко)

Кај третата група пациентот бил на стандардни лекови за разбивање на камен во бубрег, исто така со просечна количина секс.

TAMABEPA014

Како што се покажа, дури 80 проценти учесници во истражувањето, кои во периодот од три недели биле на чиста секс-терапија, успеале да исфрлат барем дел од проблематичните камења. Што е, пак, огромен успех во однос на другите две групи,  кај кои успешноста била 35 отсто.

Значи, ако имате камен или песок во бубрег, очекувајте дека докторите место лекови наскоро ќе ви препишат секс. А сосема е сигурно дека во оваа терапија речиси сите пациенти ќе уживаат.

Raznorazno041

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top