Во Берлин денеска и утре се одржува самит на лидерите на ЕУ посветен на бегалската криза. Се очекува на самитот да бидат разгледани можности за зајакнување на европските граници, како и барањето на Турција за создавање сигурни зони на северот на Сирија од каде што доаѓаат најголем број бегалци.
Скоро два милиони сириски бегалци се наоѓаат во Турција, а стотици илјади оваа година преминале во Грција и понатаму во Европа.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди дека не треба да се залажуваме дека бегалската криза ќе се намали со доаѓањето на зимата.
– Мораме да бидеме подготвени за пролетта и заканата од уште поголем бран што ќе дојде во Европа, навел Туск во поканата до лидерите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.