| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Димовски: Се постигна договор за изборниот законик

– Денеска се постигна договор за изборниот законик. Сета енергија која што ја вложивме, целото време, многу аргументи, имаше и непријатни моменти, но договорот е постигнат -изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Димовски, постигнувањето на договорот за изборниот законик значи уште еден чекор во исполнување на договореното помеѓу четирите политички партии и со тој договор се обезбедуваат условите за одржување на предвремените избори. Повлекувањето на СДСМ од преговорите според Димовски е показател на стравот на опозицијата да се соочи со народот на избори.

-Денешното повлекување на СДСМ го разбираме како повторена повеќе пати тактика на таа партија, секогаш кога ќе има прогрес во разговорите и секогаш кога ќе се исполнуваат условите за оддржување на предвремени парламентарни избори, тие да бараат причини и да бараат изговор за да се повлечат односно да го исполнат своето сценарио да се одложат или да не се одржат избори. Луѓето очигледно имаат проблем со поддршката кај граѓаните, имаат проблем внатре во својата партија и бараат начин како да сево ова што веќе е договорено меѓу 4 политички партии, вклучително и изборниот законик кој денес го договоривме, да не заврши со предвремени избори, знаејќи дека ќе ги изгувбат – рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top