| четврток, 6 декември 2018 |

Остров од кој исчезнуваат мажите

На островот Провиденсија никој не се брза никаде.Никој не е под стрес, бидејќи сите постојано се насмеани.

Овој мал карипски остров го колонизирале Британците во 169 година, а како база го користеле британски гусари. Долго време претставувал дел од Колумбија, иако се наоѓа во близина на Никарагва, а јазикот што се зборува потсетува на „искривен англиски“.

Жителите на островот, кои се меѓу пет и шест илјади, имаат чувство дека припаѓаат на Карибите, а не на Колумбија. Островот долго ги одбивало нападите на насилните колумбиски наркодилери. На овој остров нема оружје и пукање, нема телохранители, ниту, пак, типични наркобосови. Проблемот е подлабок.

– Ги губиме мажите. Според моите истражувања, најмалку 800 мажи се затворени во различни затвори во странство или, едноставно, се исчезнати – вели една жителка на островот.

Тоа значи дека ако ова истражување е точно, еден од четворица омажи исчезнал од островот, а популацијата во еднаква мера ја чинат мажите и жените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top