Познати се 20 учесници на следното Европско првенство во фудбал во Франција, идната година и сите ќе добијат по 12 милиони евра награда за пласманот, вклучувајќи ги и четирите селекции кои ќе ги минат бараж-дуелите.
На контото на сите фудбалски федерации ќе легне истата сума, а тоа е само почеток, бидејќи на ЕП посебно се вреднува секој бод и победа. Наградите во овој сегмент УЕФА се уште ги нема одредено, но ако се знае дека на претходното ЕП секоја победа носеше по еден милион евра, а освоен бод по 500 илјади евра, јасно е дека учесниците на турнирот во Франција ќе имаат можност за дополнителна заработка.
Според проценките шампионот на Европа, или победникот на турнирот во Франција идната година ќе заработи меѓу 30 и 35 милиони евра, од вкупниот ќар на УЕФА, проценет на 450 до 500 милиони евра. Тука не е вклучен маркетингот, ТВ правата и спонзорите, што носи дополнителен ќар за сите репрезентации учесници на ЕП во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.