Македонскиот футсал шампион КМФ Железарец ги доби противниците во групата Б на елитната рунда од УЕФА Футсал купот и според денешната ждребка напиот шампион ќе игра во Пескара, Италија и ќе игра против екипите на Пескара, Хале-Гоик од Белгија и Тулпар Караганди од Казахстан.
Екипата на Пескара од Италија е домаќин и во елитната група се пласираше со три победи во претходната фаза, но од прв фаворит е вториот преставник на Казахстан, екипата на Тулпар Караганди.
Третиот противник на нашиот шампион е екипата на Хал-Гоик од Белгија која како Железарец беше второпласирана во главната рунда со шест освоени бодови.
Натпреварите се играат во перио од 10 до 15 ноември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.