САД изјавија дека не можат да ја примат делегацијата на чело со премиерот Дмитри Медведев, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Како што наведе, делегацијата на чело со Медведев планирала да ја разгледа координацијата на борбата против тероризмот.
-Ние добивме одговор (од САД) дека не можат да испратат (американска) делегација во Москва и дека исто така не можат да примат (руска) делегација во Вашингтон – рече Лавров во „Државната дума“.
Русија истакна дека е отворена за соработка со ЕУ и со Америка кога тие ќе го отфрлат јазикот на ултиматум и санкции.
Лавров истовремено изрази надеж дека наредните денови ќе почне да функционира договорот со САД за воено-технички мерки за спречување на инцидентите во воздушниот простор на Сирија.
-Договорот би требало да започне колку што е можно побргу. Се надевам дека денеска конечно ќе биде ставена точка на усогласувањето на сите моменти. И понатаму сме спремни да седнеме со картата в раце и да се договориме каде се терористите, според ваше мислење, каде се според наше – рече Лавров во „Думата“.
Уверен сум, додаде, дека ако работиме чесно, тогаш проценките во голем број случаи ќе се совпаѓаат.
Тој исто така предупреди дека обидот на Западот на чело со САД да го закочи процесот на воспоставување ново, праведно политичко уредување, обидите да продолжат наметнувањата на земјите-рецепти за преобразба, водат кон поголем хаос и предизвикуваат сѐ поголеми несогласувања.
Според неговите зборови, обидите на некои земји да спроведат геополитички инженеринг на Блискиот Исток доведоа до слом на регионалниот механизам на безбедност.
Тој нагласи дека Русија и понатаму ќе спроведува самостојна мултивекторска политика која им одговара на националните интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.