| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил се заби во семафор, возачот на Ургентен (ФОТО)

12122811_1093964250628490_1923951289023567278_n

Едно лице заврши во Ургентниот центар денеска, откако со својот автомобил се заби во семафор. Сообраќајната се случила околу 12.40 часот на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешна „Првомајска“).

Возачот М.Б. управувајќи со автомобил „рено клио“ удрил во семафор на крстосницата кај Цементара. Истиот со возило на Итна медициска помош е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Полицијата е на местото на несреќата каде во тек е увидот.

soob-prvomajska1

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top