| четврток, 6 декември 2018 |

Tриесет дена притвор за кумановецот кој пијан запали 11 возила

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 37-годишниот кумановец З.М. осомничен дека ги запалил 11-те возила во градот.

 Како што соопшти денеска ОЈО, З.М. е осомничен дека сторил тешки дела против општата сигурност односно дека на четири  локации во Куманово запалил единаесет возила на различни сопственици, при што користел запалка и ги потпалувал возилата кај регистарските таблички.
Лицето е приведено во кумановската полиција, обавен е службен разговор, по што З.М е предаден во ОЈО Куманово, каде што е извршен распит. Кумановецот го признал делото и навел дека возилата ги палел по случаен избор, без одредена цел. З.М бил во алкохолизирана состојба и претходно бил осудуван за семејно насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top