Најдобриот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ со својата репрезентацијата го освои третото место во групата Г во рамките од квалификациите за ЕП 2016 година, и со тоа ќе се обиде преку бараж средбите да обезбеди виза за Франција за догодина.
Тој денеска изјави дека е незамисливо Европското првенство да мине без него.
– Не сакам да го пропуштам Европското првенство. Не може да се замисли турнирот без мене. Не успеавме на еден начин, па ќе мора да се обидеме на друг – изјави Ибрахимовиќ.
Ждрепката за баражот ќе биде извлечена в недела, а освен Шведска, за последните четири места на финалниот турнир ќе се борат БиХ, Данска, Унгарија, Норвешка, Република Ирска, Словенија и Украина.
Ибрахимовиќ не истакна која репрезентација најмногу ја посакува во двомечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.