| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо: Мојот сон е да ја завршам кариерата во Реал Мадрид

kristijano ronaldo

Најдобриот светски фудбалер за 2014 година и еден од кандидатите да го освои ова признаение и оваа година, Португалецот Кристијано Роналдо вчера ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во изминатата сезона.
Тој по оваа свеченост за шпанскиот весник „Марка“ изјави дека посакува кариерата да ја заврши во Реал Мадрид и со тоа ги разочара тимовите кои се поврзуваа со негово доведување следната година.

– Мојот сон е да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Се чувствувам добро тука, сакам да победувам, а ако продолжам да се грижам добро за своето тело, можам да играм на ова ниво уште 5-6 години – изјави Кристијано Роналдо.

Тој иако лошо ја започна новата сезона и не е на своето ниво од претходните сезони кога дури четирипати ја освојуваше „Златната копачка“ е најдобар стрелец за „кралевите“ со 10 постигнати голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top