Нова интернет манија се шири по социјалните мрежи која се вика „ведерување“, или давење од далечина во стилот на озлогласениот Дарт Ведер од серијалот Војна на ѕвездите. Љубителите на овој серијал веќе знаат дека Ведер ги дави непријателите телепатски, без да ги допре, со тоа што ги подигнува од земја. Култната сцена од филмот, во која Дарт Ведер ја применуваа оваа моќ врз адмиралот Конан Антонио од кого не е задоволен од неговата лојалност, стана инспирација за стотици корисници на интернет, кои покажаа како тие гледаат на „вејдерувањето“.
За да се изведе „вејдерувањето“ потребни се најмалку двајца, но може и повеќе учесници. Едниот со испружена рака глуми напад, а „жртвите“ скокаат со рацете на врат и со болни гримаси на лицата.
Погледнете ги најинтересните обиди на „телепатско давење“:
Ако имате ваши фотографии од „вејдерување“ споделете ги со нас!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.