Младиот син на Лепа Брена Виктор Живоиновиќ ја исмеа колешката на неговата мајка Зорица Брунцлик на социјалната мрежа Инстаграм.
Наследникот на пејачката и тенисерот Боба Живоиновиќ објави фотографија на поранешната членка на музичкото натпреварување “Ѕвездите на гранд“ на која нејзината глава со помош на Фотошоп е ставена на телото на Брус Ли. Во потпис стои Зорица Брус Ли.
Фотографија за само неколку часа стана вистински хит на интернетот, но тоа не треба да е чудно бидејќи наследникот на Брена има повеќе од 5 илјади следбеници на Инстаграм. Неговите следбеници лудо се забавуваа коментирајќи ја фотографијата, која почна масовно да се дели на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.