| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС со закана до Москва: Ќе ве уништиме и вас и САД

WOMEN PROTEST

Исламската држава ѝ порача на Русија дека ќе биде поразена откако Москва минатиот месец почна со воздушни напади врз позициите на џихадистите во Сирија.

„Русија ќе биде поразена“, изјавил порпаролот на ИСИС, Аби Мохамед ел Аднани, во аудиоснимка објавена вчера на џихадистички сајт.

Аднани ги повикал сите муслимани да тргнат во џихад против Русите и Американците, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера изјави дека руските воздухопловни сили  уништиле голем дел од муницијата и воената опрема на ИСИС.

Тој навел дека во последните 24 часа се изведени 88 удари на 86 цели на терористичката организација.

– Руските авиони го зголемија бројот на напади на командни позиции во области во Сирија каде им се сместени залихите на ИСИС – рекол тој.

Како резултат на тоа, ИСИС загубиле голема количина муниција, воено вооружување и материјали, пренесува агенцијата „Тасс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top