Исламска држава денеска наведе дека ќе ја порази Русија, откако Москва на крајот на минатиот месец почна со воздушни напади врз цели на џихадистичката група во Сирија.
– Русија ќе биде поразена, нагласува портпаролот на ИД Абу Мохамед ел Аднани во аудио порака објавена на сајт што го користат џихадисти.
Аднани ги повика сите муслимани да „почнат џихад против Русите и Американците“.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков претходно изјави дека руските воено-воздухопловни сили уништиле во воздушни напади голем дел од муницијата и воената опрема на ИД.
Изминатите 24 часа биле извршени 88 напади врз 86 цели на терористичката организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



