Според народните верувања, идните мајки и татковци веќе по петтиот месец од бременоста можат да бидат сигурни и на време се подготват околу многу работи како името, бојата на собата, облеката.
Машко
– Жената ниско го носи бебето во стомакот
– Кај идните мајки повеќе се истакнува десниот колк.
– Брадавиците на идната мајка се светли.
– Бремените жени почнуваат да чекорат со десна нога.
– Во текот на бременоста мајката видно се разубавува.
– На идната мајка повеќе и се јаде мрсна и кисела храна.
– На бремената жена цело време и е топло и и недостига воздух.
Женско
– Доколку стомакот на жената е широк, и и се гледа и од грбот.
– Кај идните мајки повеќе се истакнува левиот колк.
– Ако брадавиците на мајката се темни.
– Бремените жени почнуваат да чекорат со левата нога.
– Ако во текот на бременоста идните мајки имаат утринска мачнина.
– На идните мајки им се јаде благо.
– Кожата е потемна како после сончање (иако се зимски месеци).
– Ако на бремената жена цело време и е ладно, а бременоста е на почеток.
Покрај овие знаци во текот на бременоста имало и многу верувања за откривање на полот на детето и пред неговото зачнување. Едно од тие верувања е и одредување на полот на детето според прстенот. Жената држи прстен приврзан за долг конец над левата дланка, доколу прстенот се движи лево-десно ќе биде момче, а доколку се врти во круг ќе биде девојче.
Дека вакви верувања не постојат само на нашето поднебја, зборува и јапонската народна мудрост, која за одредување на полот користи бројки. Годините на мајката да се поделат со три, а годините на таткото со четири. Ако поголемиот остаток биде кај таткото ќе добијат момче, а доколку е поголем остатокот е кај мајката ќе добијат девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.