| четврток, 6 декември 2018 |

Аспиринот може да го спречи развивањето на ракот

Пациентите кои имаат висок ризик од заболување од канцер би можеле да се заштитат со редовно земање на аспирин, тврдат научници.

is_aspirin_safe_for_kids

Постојат докази дека земањето аналгетици може да ги намали шансите за добивање рак за речиси една третина, пишува британскиот весник „Дејли Мејл“.

Весникот објавува дека следната година Велика Британија ќе ја разгледа можноста на пациентите, кај кои постои ризик од одреден вид на рак, да им воведе аспирин како обврзен превентивен третман.

Овој аналгетик е докажано ефикасен против појавата на рак на дебело црево, кој е еден од најчестите облици на оваа болест, посебно кај пациенти со семејна историја на болеста.

Меѓутоа, аспиринот предизвикува чир и крварење во желудникот, кои обично не се фатални, но бараат болничко лекување. Затоа лекарите треба да одлучат дали треба или не воведување на овој лек.

Британското Министерство за здравство наведува дека дури 11.400 животи би можеле да бидат спасени секоја година во оваа земја, доколку се воведе оваа мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top