| четврток, 6 декември 2018 |

Во кутиите на „Бос голд“ имало цигари на „Филтер 57“

filter57

Империал Тобако јавно им се извини на потрошувачите за грешката која настанала во текот на нивното производство на цигари, така што одредена количина цигари Филтер 57 биле спакувани во пакувањето на цигарите Босс Голд, кои се нешто поскапи од првите, пренесува Економски.мк.

„Империал Тобако безрезервно им се извинува на лојалните потрошувачи на Босс Голд за оваа грешка, и ги повлекува од пазарот цигарите од ова производство”, стои во соопштението од оваа компанија.

Оттаму ги повикаа сите свои потрошувачите, ако некој од нив наиде на таква грешка, да ги врати цигарите во продажното место од каде што се купени, или пак да ја конктактираат компанијата на е-маил, односно по телефон за да се изврши замена на производот.

Неодамна, во кутии од Босс голд граѓаните можеа да најдат цигари Родео.photo

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top