Германскиот пилот во Формула 1, Нико Розберг ја загуби втората позиција во генералниот пласман на четири трки до крајот, по трката овој викенд што се возеше во Сочи за Големата награда на Русија.
Иако за него овој викенд започна фантастично со освојување на пол-позицијата, мораше да се откаже во осмиот круг поради проблеми со моторот. Да биде разочарувањето поголемо, Себастијан Фетел заврши зад Луис Хамилтон, па Розберг сега го загуби и второто место во генералниот пласман.
Сепак, сѐ уште постојат шанси за освојување на титулата оваа сезона, коисе минимални бидејќи тој има заостаток од 73 бода зад лидерот Хамилтон на четири трки до крајот, и затоа не чуди неговото разочарување и по освојување на шампионската титула на неговиот тим Мерцедес во конкуренција на конструктори.
– Сѐ беше многу чудно. Знам дека во тимот дадоа сѐ од себе, жртвуваа некои работи, но јас не чувствував некаква сатисфакција за титулата на Мерцедес. Присуствував на прославата, но исто како да не бев таму – изјави Розберг.
Розберг воопшто не е загрижен за тоа дали тој или Фетел ќе биде на втората позиција на крајот од сезоната зад Луис Хамилтон. Оваа сезона, тој оствари три i пол позиции и три победи, но последен пат триумфираше на трката за Големата награда на Австрија, на 21 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.