| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва завршуваат квалификациите за ЕП, Босна во полн состав

bosna trening

Вечерва на стадионите шурим Европа се играат последните девет натпревари од квалификациите за Европското првенство 2016 година.
Во некои групи се е веќе решено, а на вечерните натпревари патот до Франција ќе го бараат повеќе репрезентации. Клучни мечеви се играат на Кипар, во Истанбул, во Италија и на Малта.
Босна и Херцеговина ќе се обида да дојде победа вечерва против домашната репрезентација на Кипар и со тоа да се избори за бараж средбите кои дополнително ќе ги дадат последните четири патници за Европското првенство.
Шансите на оваа селекција за успех значително се зголемија откако нивниот најдобар стрелец Един Џеко го одработе целиот последниот тренинг, ставајќи му се на располагање на селекторот Баждаревиќ.

– Не смееме да заборавиме дека во првото коло на домашен терен загубивме од Кипар, ова е селекција што игра квалитетен фудбал и никако не смее да биде потценета. Сигурно нема да играме на бод, ќе сториме се за да победиме, а камбекот на Џеко дефинитивно е добра вест. Тој најверојатно ќе се појави во стартниот тим, но најмалку важно е кои 11 ќе стартуваат, за нас е најзначајно да одиграме најдобро што знаеме – изјави босанскиот селектор.

Тоа секако не го радува стратегот на Рома, Руди Гарсија бидејќи Џеко не е сеуште добро залечен од повредата. Неговата помош би била добредојдена за „волчицата“ во обид да е искачи на првото место на калчолигашката табела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top